Зорица Заева ќе биде манекенка за децата со ретки болести

0
587

Сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица, в недела ќе биде дел од модната ревија во Струмица во клубот „Индустријал“. Појавувањето на Заева на модната писта е во знак на поддршка на лицата со ретки болести, настан што секој декември го организира здружението „Вера“. Модната ревија ќе започне во 16 часот и годинава е под мотото „Убави сме, свои сме“.

Моделите ќе носат облека од бутиците во Струмица, а музика ќе  пушта диџеј Цако, односно Александар Матковски. Влезот е 50 денари, а собраните средства се наменети за здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром, „Вера“ од Струмица“.„Од сѐ срце прифатив да чекорам по модната писта заедно со децата со цел да се подигне јавната свест за лицата со ретки состојби. Сите ние мора да се вклучиме во интеграцијата на овие лица во општеството и да се бориме за нивно прифаќање. Моја поддршка за сите нив и апел за прифаќање на различностите“, изјавила Заева за „Фокус“.

СПОДЕЛИ