Злоупотребена хуманитарна помош на прилепската текстилна индустрија ,,Комфи Ангел” од страна на поттрчковци од ВМРО-ДПМНЕ

0
1900

Денес покрај споменикот на ,,Крали Марко” во центарот на Прилеп од страна на здружението ,,Прилепски бранители” беше делена хуманитарна помош, донација од текстилната индустрија ,,Комфи Ангел”, која за жал не стигна во вистинските раце.

14601014_1037867606338894_3450449990265381862_n

На денешното делење на хуманитарна помош од страна на душегрижници од здружението ,,Прилепски бранители” случаен минувач а воедно и учесник во конфликтот од 2001-ва година бил брутално набркан и понижен од страна на активистите на ова здружение. Причината за овај немил настан во центарот на Прилеп била поради тоа што минувачот М. С. кој е учесник во конфликтот од 2001-ва побарал да добие од донацијата која се делела по луѓе но за жал бил брутално набркан со зборовите ,,нема за тебе помош , ти си член на друго здружение”.

Рубин Секулоски како претставник на ,,ЗРВО 2001/2002″ за нашата редакција кусо изјави дека не е првпат ова здружение да врши поделба врз бранителите, и дека поделбата е направена уште пред неколку години кога со аминување на градоначалникот Марјан Ристески дел од членовите на ,,ЗРВО 2001/02″ од материјални причини како што се вработување во државни институции, несоодветни унапредувања на работни места го формираа ова “здружение” кое најверојатно е со примарна цел да биде провладин пандан на среброљубците од ,,ГДОМ” како и продолжен прст од “долгото раче” на владејачката ВМРО-ДПМНЕ со цели и задачи да вршат манипулација на оние кои кога и беше најтешко на државата без да жалат за своите животи застанаа во првите редови. Наместо “здружението” ,,Прилепски бранители” да одржува активности и да врши притисок врз институциите од власта за подобрување на животот на сите бранители независно од верска, етничка и политичка припадност и да се бори за остварување на правата на припадниците од безбедносните сили и учесниците во конфликтот 2001-ва тие преку вакви квази хуманитарни акции сакаат да придобијаат политички поени и да газат на несреќата на бранителите.

Секоја чест за несебичната помош на конфекцијата ,,КОМФИ АНГЕЛ” но јас како претседател на најстарото здружение на бранители во Македонија сметам дека оваа добронамерна хуманитарна помош е злоупотребена за дневно политичко партиски интереси, изјави Рубин Секулоски за нашата редакција. 

Дел од поттрчковците на ова режимско здружение се познати по тоа што тие стануваат дел од валканата програма на локалната власт во Прилеп кое служи за разни манипулации, закани, притисоци и други незаконски активности како и активирање во екот на изборните процеси со непромислени прес конференции оркестрирани од локалната власт каков што беше примерот при посетата во Прилеп на лидерот од опозициската СДСМ Зоран Заев.screenshot_21

Знаат ли дел од овие поттрчковци на градоначалникот Марјан Ристески и на локалната власт во Прилеп заедно со нивното здружение што одговор ќе дадат на прашањето на пример што мислат и дали ја одобруваат амнестијата на хашките случаи договорена помеѓу Груевски и Ахмети во 2006-та година а имплементирана во 2011-та година по пат собраниска процедура за законот за бранители и молчењето на Талат Џафери (алијас командант Форина на УЧК) кој подоцна стана министер за одбрана?!

Што мислат за Мајскиот договор помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ каде тогашниот премиер Груевски на Ахмети му ветил дека, ако, како коалиционен партнер, му помогне да остане на премиерската функција, пред пратениците ќе предложи закон со кој борците на ОНА би добивале социјални пакети, како и закон за употреба на албанскиот како официјален јазик на ниво на цела територија?!

Ние во нашата редакција се потрудивме да пронајдеме изјава на здружението ,,Прилепски бранители” каде бараат закон за правата на бранителите или ги осудуваат и критикуваат овие погрешни постапки и политички договори на Груевски и Ахмети но такво нешто не постои.

Не се гради среќа на туѓа несреќа!