Зијадин Села: Не се срамам од моите изјави, јас не сум градел кариера како Груевци на пароли за гасни комори кон никого!

0
606

Зијадин Села од Алијансата за Албанците, тврди дека власта и медиумите блиски до неа деновиве го оцрнуваат вадејќи му стари снимки и изјави од пред изборите, дадени во жарот на изборната кампања, чија цел е да се отежни формирањето на новата влада.

Тој, во изјава за телевизија Телма вели дека и сега ги брани барањата од интерес на Албанците во Македонија, но дека не гледа никаков радикализам кај себе.

-Јас немам проблеми со моите ставови и не се насочени кон ниеден во државата против ниедна етничка заедница.Сите тие кои имаат проблеми мислам дека треба да седнат и да си разговараат со себеси какви политички кариери имаат градено во изминатите години. Јас немам градено политичка  краиера повикувајќи на „гасни комори“ за Албанците или било кој друг народ – вели Села.