Зеќири до ДУИ: Ќе прашувам за богатството на вашите функционери, тоа ми е работа

0
356

ДУИ, односно тие што ги пишуваат соопштенијата, не само што имале проблем со слухот, туку за жал не знаат и да читаат. Им препорачуваме уште еднаш да го слушнат и прочитаат мојот коментар“, одговори на партијата на Ахмети, главниот и одговорен уредник на Алсат-М, Мухамед Зеќири.

muhamed-zeqiri

„За одговорноста и за улогата на Алсат-М тв сите овие години нека судат граѓните и нашите гледачи, а за вашата работа и одговорност за сите овие години на власт може да дебатираме кога сакате и колку сакате. Кои биле вашите функционери, односно кое било нивното богатство пред да дојдат на власт и кое е сега? За ова и за многу други прашања, вие почитувани, ќе треба да одговарате.. Јас тука сум и постојано ќе ве прашувам затоа што тоа е моја професионална обврска“, пишува Зеќири.

Овој одговор на уредникот на Алсат М е реакција на атакот на владеачката ДУИ во соопштението до Алсат-М, кое уследи по вчерашниот коментар на Зеќири за иницијативата за отварање нов универзитет на албански јазик во Скопје и состојбите на Тетобскиот државен универзитет.