Зетот за внука на комунистичкиот лидер Лазар Колишевски, министерот Диме Спасов доби син

0
1716

Минатата недела младиот министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, станал татко. Во приватна болница во Скопје се породила неговата сопруга, внука на комунистичкиот лидер Лазар Колишевски. Младите родители добиле синче.

Министерот Спасов не сакал во јавност да се пишува за неговата женидба, па дури и интервенирал за тоа да не се објави во еден дневен весник.

Тој и неговата избраничка и свадбената веселба ја криеја од очите на јавноста. Според извори на Либертас тие по женидбата се вселиле во бараката на Водно на дедото на невестата, Колишевски.