ЗЕЛЕНА ЛУПА: ДАЛИ КОАЛИЦИЈА ЗА ПРАВИЧНО СУДЕЊЕ ТРОШИ СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА, ЗА ДА МАНИПУЛИРА СО ГРАЃАНИТЕ И МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА?

0
1464

Почитувани,

Членовите на Здружение Зелена лупа, како и граѓаните кои што се чувствуваат жртви на правосудниот систем, од времето на авторитарното владеење на Никола Груевски, се згрозени од настапот во емисијата 360 степени на Телевизија Алсат (на 15.03.2019), од страна на првиот човек на Коалицијата за правично судење – Натали Петровска.
Жртвите на режимот, кои беа обвинувани и судени во монтирани судски процеси прашуваат ЈАВНО: Каде беше Коалицијата за правично судење за време на режимот, иако трошеше стотици илјади евра и долари за своите активности? На која телевизија и во која емисија се заложија за правичноста на судењата за времето на режимот?

1. На која Телевизија излезе претставник од Коалицијата за време на режимот?
За време на авторитарното владеење на Груевски, од страна на сите релевантни меѓународни институции, Стејт Департментот, ЕУ, Извештаите на Прибе, беа нотирани серии на злоупотреби од страна на Судската власт, беа констатирани Политички монтирани процеси, Газења на човековите права и уште серија злоупотреби од страна на Судовите.
Коалицијата за правично судење, со години трошеше стотици илјади евра и долари, за мониторинзи на судските процеси. И покрај нивните присуства на огромен број судења, и нивното сведоштво на тешки злоупотреби од страна на Обвинителството и Судовите, ние како жртви на режимот, не видовме медиумски реакции од страна на Коалицијата за правично судење со жар и желба за правда, како во синоќешната емисија.
И покрај тоа што за време на тешките и неправилни судски процеси, смртните случаи на обвинети граѓани, грубите кршења на кривичните постапки за време на режимот, од претставници од Коалицијата за правично судење не добивме заштита преку ТВ емисии, со интензитет и жар како за “ човековите права “ на Митко Чавков.

2. Изнесените ставови во емисијата од страна на Натали Петровска, беа тенденциозни и неточни.
Ја информираме јавноста, дека Здружение Зелена лупа работи со приходи од 0 денари од Јули 2018-та година,(заради црпење на сите донаторски средства за темите поврзани со владеење на правото, од страна на Коалицијата за правично судење, Здружението на млади правници, и уште неколку други НВО за кои граѓаните не ни слушнале). Но и покрај суровото опкружување и реалност благодарение на „Борците за човекови права“, членовите на Здружение Зелена лупа продолжија упорно со својата работа, и Здружение Зелена лупа беше присутно на сите рочишта за случајот 27-ми април!
Здружение зелена лупа секојдневно ја известуваше јавноста за случувањата на судските рочишта.
Одовде, со најголем степен на одговорност, ја информираме јавноста дека искажаните ставови од страна на првиот човек на Коалиција за правично судење во емисијата 360 степени на ТВ Алсат се тенденциозни и неточни!

Во емисијата, Натали Петровска го негираше квалитетот на судскиот процес за 27ми април, преку неколку тези, а Зелена лупа преку факти и аргументи ги демантира ставовите и тезите на Натали Петровка:
– Натали Петровка: Изрази негодување и приговара за зачестеноста на судењата?
– Зелена лупа: Од нашиоте мониторинзи на овој процес, но и на останати судски процеси, информираме дека во останатите судски процеси се закажуваат поретко, но најчесто по барање на одбраната и се одржуваат по 2-3 рочишта месечно. Доколку се остави одбраната да го диктира темпото на судските рочишта, а не Судот, постојат опасности од неисполнување на роковите за Судење во разумен рок, и постојат опасности од меѓусебни координации на обвинетите и одбраната со цел давање на договорени искази кои не коренспондираат со фактичката состојба.
Во случајот 27-ми април, самите обвинети бараа и инсистираа пред судот, судењата да се закажуваат позачестено, со цел побрзо завршување на случајот. Судиката Кацарска, направи одличен распоред на судењата, и воспостави стандарди за ефикасно и ефективно правично судење, токму преку овој случај. Ако се земе во предвид дека на секое рочиште фокусот и постапката се однесуваат на неколку обвинети а не на сите, просекот за подготовка на одбрана, исказ, или вкрстено испрашување за секој обвинет или бранител беше скоро еден месец, што е сосема доволно време за подготовки.

Натали Петровска: Приговара за времетраењето на рочиштата?
Зелена лупа: Од нашите мониторинзи, потврдуваме дека одредени рочишта траеа и до доцните часови, но за тоа постојат причини:
– Причина 1: Одбраната на обвинетите (одредени Адвокати), многу често се поклопуваа во приговорите, и со исти приговори приговараа кон Обвинителството, при што често беа опоменувани од Судот, кој што им даваше предлози – Еден бранител да поднесе приговор кој што ќе ги вклучи сите бранители што го подржуваат истиот приговор, со цел добивање на време. Но Бранителите свесно ги повторуваа истите приговори со цел развлекување на постапката.
– Причина 2: Дел од обвинетите, многу често се жалеа дека не им е добро, но во сите такви случаи, во истиот момент И БЕЗ НИКАКОВ ИСКЛУЧОК, Судиката Кацарска, ВЕДНАШ повикуваше брза помош, и во 99% од случаите, од страна на лекарските тимови се констатираше дека не се лоцирани никакви здравствени проблеми, од што може да се заклучи дека се симулирале болести. Судските расправи продолжуваа без застој, а за констатираните лекарски дијагнози, постои медицинска документација.
– Причина 3: Преку нашите мониторинзи, често гледавме упаѓања во изјавите на сведоците предложени од обвинителството, од страна на одредени Бранители, со цел создавање на хаос и обиди да се опструира квалитетот на сведочењата. Со ваков дрзок пристап од страна на Бранителите, настануваа надвикувања, влетувања во зборови, тензии и галама, со што судот многу пати беше принуден да ги опоменува бранителите да бидат конструктивни, со цел поефикасно завршување на рочиштето и во рамките на редовното работно време. Бранителите(Адвокатите), многу често се конфронтираа со Судиката Кацарска, за што беа опоменувани, и им беше јасно потенцирано дека токму одбраната е главниот виновник за одоговлекувањето на рочиштата, а исто така, многу често одбраната бараше одложувања и прекини до одреден час, со изговор дека треба да бидат бранители на други рочишта за други предмети. Судот им одговараше дека тоа го прават свесно и намерно, бидејки датумите за закажаните рочишта за случајот 27-ми април се дадени многу порано, и за подолг временски период, со цел Бранителите да имаат можност да се подготвуваат и да си го планираат времето.

Доколку се имаше желба за ефикасни рочишта, во рамки на работното време, мораме да потсетиме дека најголем дел од обвинетите, имаа по двајца бранители кои можат да се менуваат, па секогаш можеше да се организира квалитетна одбрана на судски рочишта кои би траеле до 16.00 часот доколку се сакало.
Од нашите мониторинзи, можеме да потврдиме дека секогаш се даваа соодветни паузи од страна на Судиката Кацарска, за што како доказ се и снимките од рочиштата. Обвинетите често пати бараа кратки паузи во текот на рочиштата, а од страна на Судот им беа дозволувани.
Уредно се водеше грижа и за исхраната на обвинетите кои што беа во притвор, бидејки редовно и навремено им се доставуваше храна од страна на Затворот Скопје, со цел да бидат испочитувани нивните човекови права.

Натали Петровска: Целиот судски процес, и долготрајноста на рочиштата биле исцрпувачки за сите чинители во постапката
Зелена лупа: Веќе ги наведовме причините за долготрајноста за определен број на рочишта (бидејќи сите рочишта не траеја до доцните часови), а во врска со исцрпувањето на сите чинители во процесот, можеме одговорно да информираме и потврдиме дека токму во тие денови, дел од медиумите, Невладините, (Со исклучок на Зелена лупа), полициските службеници, па и дел од Адвокатите – Бранителите на обвинетите, имаа свои замени, кои буквално доаѓаа во 2 смени.
Кога си заминуваше преставникот на Коалицијата Сите за правично судење, веднаш доаѓаше замена, додека претставникот на Зелена лупа сам ги следеше рочиштата од почеток до крај, па никогаш не се пожали за исцрпеност.

Натали Петровска: Поради честите рочишта, немало ефективна одбрана на обвинетите, па бранителите немале време за подготовка на квалитетна одбрана:
Зелена лупа: Преку будното следење на судскиот процес од страна на Зелена лупа, најодговорно можеме да потврдиме дека секогаш и се даваше доволно време за подготовка на одбраната, со цел подготовка на квалитетна одбрана со еднакви оружја. Потврда за оваа констатација се фактите дека одбраната имаше доги излагања во кои и се повторуваше понекогаш, долги приговори, дупли реплики на реплики, испрашувања на сведоци кои траеја со часови, со висок степен на повторување на исти прашања.
Исто така бевме сведоци на чести расправии, каде што Бранителите први започнуваа расправии со Судиката Кацараска. Адвокатите Петар Василев, Сашко Дуковски, најчесто со иронија започнуваа непотребни расправии, а во една прилика и Адвокатката Ружица Николовска, која со иронија се обрати кон судот со следните зборови: Има ли уште снимки да гледаме? Со виден потсмев за тепањето на пратениците во Собранието. За оваа провокација Адвокатката беше казнета со 500 евра глоба.
Токму Зелена лупа редовно ја информираше јавноста за непочитувањето на судот од страна на адвокатите.

Натали Петровска: Долгото траење на рочиштата е неповолно и за обвинителите и за Советот на Судии за да имаат доволна концентрација.
Зелена лупа: Од мониторинзите, како за овој, така и за други случаи, можеме слободно да потврдиме дека токму овој Совет на Судии, на чело со Судиката Добрила Кацарска е најодговорниот и најпрофесионален Судски Совет, кој беспрекорно ја вршеше својата работа. Во ниту еден момент не потфрли во толеранцијата, професионалноста, одлуките, како и високиот степен на концетрација за време на рочиштата. Без разлика дали рочиштата траеја 3 часа или 9 часа концентрацијата беше на максимално ниво. Обвинителите од ОЈО, беспрекорно ја водеа постапката, исто така со висок степен на концетрација и професионалност.

Натали Петровска: Исклучување на јавноста, дозвола само за ОБСЕ за дел од постапката
Зелена лупа: Како и во многу други предмети каде што се презентираат докази од класифициран карактер, докази прибавени од ПИ мерки, или сведочења на заштитени сведоци, по правило се исклучува јавноста, со цел да не се наштети на судскиот процес и постигање на повисок степен на правичност во истиот. Дозвола имаат само претставниците на ОБСЕ, бидејки поседуваат сертификати за пристап до класифицирани информации. Наталија Петровска, би требало да знае, дека е забранет пристап до класифицирани информации за лица кои не поседуваат сертификати, и дека излегувањето на класифицирана информација во јавност е казниво дело.

Натали Петровска: Зоштово записникот се диктира и нотира присутноста на јавноста?
Зелена лупа: Од искуството стекнато преку нашите мониторинзи, можеме да потврдиме и да ја подржиме ваква постапка, која најчесто (со мали исклучоци), се применува од страна на судиите. Натали Петровска треба да знае, дека евидентирање на сите присутни, па и на јавноста, не е на ничија штета, туку напротив, постоењето на писмен запис од присутни претставници на јавноста може да биде само од полза во понатамошни фази на постапката. Полезно е за безбедноста, но исто така оневозможува злоупотреби и загрозувања на постапката преку евентуални контакти со лица кои би пренеле некаква информација, или би предале некаков материјал кој би бил злоупотребен и би нанел штета на правичноста на постапката.
Бевме сведоци на два случаи, токму во судскиот процес за 27-ми април, каде што две женски лица од јавноста, роднини на обвинети, беа отстранети од судницата и добија трајна забрана за влез во судницата до завршување на процесот.
– Првиот случај беше, мајка на обвинет која што викаше силно и навредуваше новинари, судски службеници и судскиот совет. После неколку предупредувања, истата продолжи да пречи на одвивањето на судскиот процес, па продолжи со буткање на столчиња, за на крај да стигне до директни закани кон новинарката Душица Мрѓа, која што беше сведок во постапката.
– Вториот случај, сопруга на обвинет се обидела да влезе во судот со солзавец, при што и беше пронајден и одземен од страна на судска полиција.

3. Зелена лупа продолжува да ја работи својата работа
Здружение Зелена лупа, како и Комитетот за Заштита на правата на жртвите од правосудниот систем, се разликуваат од останатите здруженија за „човекови права“, од проста причина што се составени од жртви или членови на семејства, кои што на своја кожа ги осетија злосторот и неправдата.
Нашата жед за правда, во комбинација со нашата професионалност, не можат да бидат осуетени или засенети од Здруженија за кои „борбата за човекови права“ е обична работа или бизнис.
И покрај тоа што бевме елиминирани од страна на сите странски донатори и програми за финансирање на невладини организации, ние опстоивме, и ќе продолжиме да се бориме за правда и владеење на правото, до моментот додека не заживее владеењето на правото на потребното ниво.
Зелена лупа, и покрај тоа што нема проект за мониторинг на судските процеси, ќе продолжи да ги следи судењата, ќе евидентира, и известува.
И во иднина, на секоја идна шпекулација или извртување на вистината од оние кои што дебело се платени да мониторираат и известуваат, жестоко ќе реагираме и ќе се спротивставиме со факти!

ЗЕЛЕНА ЛУПА ИНФОРМИРА, А ЈАВНОСТА НЕКА ЦЕНИ!

Со почит, Здружение ЗЕЛЕНА ЛУПА Скопје
16.03.2019 Претседател – Ване Цветанов