Здравје, конечно почнуваме утре, четврток во 20 часот, гледајте не на Мактел.мк

0
347

Конечно сме спремни. Да се обидеш и да успееш да составиш тим, да опремиш студио со опрема, да направиш сценографија и сето тоа без стартен капитал туку едно по едно, стол по стол, дел по дел да го собираш, е невиден потфат!

Се чувствувам дека учестував во лансирање на ракета! Толку беше тешко и грандиозно! Сите помогнаа и тоа од сите националности!

На пример масата која ќе ја видите утре ја донесов од Тетово подарок од политичар и бизнисмен Ром, шанк столот е купен на попуст од Драчево, двете столици се донација од Албанци од Сарај, камерите се подарок од еден стар бизнисмен Србин од Центар, дел од опремата е купена со донација на бизнисмен Албанец од Струга, столовите во режија се донација од ФОН на Сефер Цановски, значи Торбеш, дел од опремата е донација од една бизнисменка Влаинка, лап-топот е донација од еден пратеник од опозицијата, многу Македонци донираа по 1000 и повеќе денари, многу наши гастербајтери по Европа, УК и УСА донираа по 100 долари за да платиме и некои долгови на Мактел кон хостинг и софтвер фирми, со донациите го реновиравме тоалетот до студиото со нови плочки и санитарија, итн итн цела Македонија придонесе по малце за конечно да почнеме, и почнуваме утре, четврток во 20 часот!

Одиме во живо два часа секој работен ден од 20 до 22 часот. Ќе правиме скајп интервјуа во живо, телефонски интервјуа, ќе вклучуваме гледачи, тоа сте вие кои ќе се јавите во емисија, ќе имаме гости, ќе се обидеме да се вклучуваме во живо на терен кога ќе има настани, ќе анализираме изјави на политичари, ќе рецензираме вести и тв емисии и дебати кои се случиле претходните денови итн итн, со еден збор ќе уживаме со и за политиката во Македонија и светот!

Емисијата ќе се гледа со претплата од 35 денари месечно, значи околу еден денар дневно, што ќе се согласите е минорна и смешна сума. Со тие пари ние ќе ги плаќаме сметките ќа делиме плати на тимот и ќе вложуваме во нова опрема, ќе го раснеме тимот со нови вработени, идејата ми е ова да прерасне во една мала и гледана телевизија!

Благодарност до сите кои донираа и кои сеуште ќе донираат. Ни треба уште помош. сценографијата не ни е завршена но ќе ја правиме во од, додека тече емисијата ќе ја уредуваме сценографијата малку по малку. Но доволно беше чекање и спремање, време е да почнеме, веќе испуштивме многу настани кои беа многу интересни, но што е тука е!

Епа се гледаме утре, бидете на Мактел.мк!

Пишува :  Саше Ивановски