Здравството на Тодоров зема уште една жртва: 40-годишник починал чекајќи трансплантација во новиот центар

0
146

40-годишниот Ангелчо од Кочани, на кого мајка му требаше да му донира бубрег, почина чекајќи да профункционира новиот центар за трансплантација. Заедно со него чекаа и се` уште чекаат и други 15 лица, за кои се обезбедени бубрези, но нема кој да им ги трансплантира, информира Телма.

Дополнителен проблем е и тоа што најчести донатори на бубрези се родителите на болните, кои за тоа време може да се разболат или починат, но и инфекцијата со хепатит ц, од која постојано се заразуваат пациентите кои престојуваат на клиниката. Докторите апелираат, итно  да се најде и изворот на инфекцијата. Од Министерството за здравство не кажуваат кога ќе биде готов новиот центар, но велат дека од нивна страна нема забрана за вршење на трансплантации.

Во моментов во Македонија работат и само тројца детски нефролози, од кои двајца се пред пензија иако оваа болест последните години зема замав и кај децата.

извор: Телма