ЗА 5-6 ГОДИНИ КОГА ЌЕ БИДЕМЕ ЧЛЕНКИ НА НАТО И ЕУ, СО ПРОСЕЧНИ ПЛАТИ ОД 1000 ЕВРА, ЗАЕВ ПРАКТИЧНО ЌЕ ДОБИЕ ОД НАРОДОТ ДОЖИВОТЕН МАНДАТ ДА БИДЕ ПРЕМИЕР ДОДЕКА Е ЖИВ, КАКО ТИТО!!!

0
874

Ееееј човече само да издржиме со ова темпо на овој правец за 5-6 години кога ќе бидеме членки на НАТО и пред вратите на ЕУ со плати од 1000е со инвестиции од милијарди евра со земја со модерни автопати трамваи гасифицирана земја еколошки чиста безбедна со истребен криминал мафија погребана со беспрекорна демократија солидни одговорни медиуми силно јавно здравство со модерен нов клинички центар како на запад…

Модерно земјоделие со богати селани, невработеност под 10%, модерни студентски домови со вкусна здрава храна во мензите, високи пензии и социјална помош, модерни затвори па дури и ситните џепароши да прогледаат и процветаат…

Добро платени професори, полицајци, војници, лекари, политичари сите вредно одговорно си ја работат својата работа за плати од околу 1000е па нагоре во зависност од струката и степенот на образование…

Судии и обвинители кои се за респект со образ со достоинство и кредибилитет до ниво да им се поклонуваш кога ќе ги сретнеш на улица, намален јавен долг на земјата, силен денар пред влез во еврозоната, земја која извезува струја од ветер сонце и вода, македонското вино да зарува во светот барабар со италијанските и француските и шпанските вина…

Македонците да се гордеат што живеат во земјава, никој веќе да не сонува за бегање во туѓина, мирна стабилна безбедна земја, досадна до смрт, главна забава да биде туризам, скара на излети, екстремни спортови, сите да летаме со падобран и параглајдер ако сакаме забава а не да бегаме од минобацачи и калашникови во завојувани села и градови…

Тогаш Заев ќе биде како Тито, ќе има доживотен мандат, да биде премиер додека е жив! ЗАСЛУЖЕНО!!! ЗАТОА ШТО ГО ЗАДАДЕ РЕШАВАЧКИОТ УДАР ПРОТИВ СИЛИТЕ КОИ НЕ ДРЖЕА НА ДНОТО! ХРАБРО ОДЛУЧНО И ВИЗИОНЕРСКИ! ТОЈ Е НАШИОТ РУЗВЕЛТ, КЕНЕДИ И РЕГАН! ТОЈ Е НАШИОТ БЕН ГУРИОН! ТОЈ Е НАШИОТ ДЕ ГОЛ! НАШИОТ ЧЕРЧИЛ! НАШИОТ ГОРБАЧОВ!!! ВЕЛИКАН!!!

Саше Ивановски