ЗА ТАМАРА И ЗА ПЕЦЕ НЕМА ПАРИ АМА ЗА ВМРО ИМА : За Музејот на ВМРО ќе се потрошат дополнителни ОГРОМНИ 611.000 евра!

0
413

За Музејот на ВМРО, објект од проектот „Скопје 2014“, ќе се потрошат дополнителни 611.276 евра, иако тој е во функција уште од свеченото отворање во септември 2011 година, објави „Фокус“.

muzej na vmro

На Бирото за јавни набавки вчера беше објавен склучениот договор, во кој пишува дека парите ќе се потрошат за набавка на изведба на работи за ентериерно уредување на конференциска сала. Овој договор бил склучен дури кон крајот на мај, а од Музејот ја ангажирале фирмата „Десигн фантаси ДООЕЛ-Скопје“, која била единствениот учесник на тендерот.

Од „Фокус“ побарале одговор ид директорот на Музејот, Бранислав Светозаревиќ, зошто по четири години од отворањето на објектот, дури сега ќе се уредува конференциската сала, бидејќи за неа веќе еднаш беа потрошени средства. Тој истакна дека салата веќе еднаш била уредена, но сега ќе се врши ново уредување.

-Конферециската сала беше уредена, но сега ќе се врши пренамена, односно ќе стане мултифункционална. Тука годишно се оддржуваат околу 200 настани, па поради големиот интерес решивме да направиме промени, за да тука можат да се одржуваат и други настани, а не само конференции, на пример да може да има и концерти, истакна директорот Светозаревиќ.

За овој објект од „Скопје 2014“ година беа потрошени речиси 15 милиони евра, иако основниот договор беше склучен на сума од 4,5 милиони евра.