За мртвите души на живите предавници

0
984

Македонците со почетокот на секој милениум прават држава – Александар пред почетокот на првиот, Самуил на почетокот на вториот, оваа генерација Македонци на почетокот на овој третиов милениум. Првата Македонија, онаа на Александар се протегала дури на 3 континента, Македонија на Самуил на половина Балкан, а оваа денешнава можеш да ја скрстиш надолж и попреку за помалку од еден ден. И сега неминовното прашање – ЗОШТО? Каде се изгуби величината, моќта и силата на Големата Македонија, КОЈ ја уништи и кој ја уништиува сеуште? Па јасно е ние, поточно некои од нас што не заслужуваат да добијат македонско државјанство и идентитет, некои кои на секој начин големите вредности сакаат да ги уништат и историските факти да ги преиначат плукајќи по своето семе, по својот корен, сечејќи ги и омаловажувајќи се што е вредно во оваа земја.

 

            Тие имаат име и презиме. Македонско за  жал и срам на неговиот татко и дедо. Ај да му пречи некој негов современик, некој недокажан или непотврден, ама да му смета Рацин? Дали по македонски јазик и литература имал единица, го мразеле професорите, па неуспеал да научи дека во Велес не се раѓаат џуџиња. Дури и малите по раст како Јордан Константинов биле ЏИНОВИ, зошто имале петле да ги учат децата на мајчин македонски јазик, да отвораат училишта на македонски, да пишуваат за убавините на својот Велес и Македонија во Цариградските и Софиските весници кога половина Балкан бил неписмен?

Дали некој на овој македонски изрод му објаснил дека Рацин бил филозоф со огромни познавања за богумилското движење, дека неговата песна „Огномет“ ја рецитирале сите млади ентузијасти од Србија, Хрватска и Шпанските борци затоа што најдобро ги искажувала нивните чувства. Случајно ли печатарот Шпулер ризикувал во својата печатница во Самобор да го прифати ризикот и да ја отпечати збирката „Бели Мугри“ на македонски јазик среде Хрватска. Или Хрватите умеат да ги препознаат вистинските вредности, а некои нереализирани искомплексирани фигури (не е достоен да го  наречам  личност) ги вреѓаат и омаловажуваат.

Не ми е намерата да држам час по македонски и литература но ако не вредеа „Елегиите“ и „Мугрите“ не ќе ги преведува на сите светски и балкански јазици, не ќе се поклонуваа пред рациновото дело и не ќе ја нерекуваа неговата поезија космополитска и безвремена. Па секому од нас во животот ни се оттргнала по некоја воздишка од „Денови“ или сме се почувствувале со „Срце ширини широко“. Знам и тоа дека нема дете во Велес што не знае барем една песна од Рацин напамет. Нема велешанец што себе си не се чувствува за негов потомок.

Обично историјата е учителка и треба да ни помогне да не ги правиме истите грешки – да се омаловажуваме и понижување до самоуништување. За жал кај нас во Македонија или не се чита или не се почитува историјата, па синдромот на самоуништивување добива плодна почва за предавниците.

Запрашајте се како ќе си помине некој во Англија ако го омаловажи Шекспир, некој во Полска ако го навреди Шопен, некој во Шпанија ако го потцени Пикасо или некој во Русија ако си поигрува со ликот и делото на Толстој ?

Даница Чадиева