За девојките од провинција: Во Скопје не цветаат рози

0
589

Родена сум во Свети Николе, а уште од средношколските денови живеам во главниот град. Супер е Скопје, се согласувам овде сите доаѓаат да студираат, а потоа се борат да останат барајќи работа.

Токму на оваа тема пред некој ден бев вербално нападната од една скопска девојка… Така седнати во холот на факултетот со една друграка која исто така е од Свети Николе си коментираме некои интересни моменти за живеачката таму. Почнавме муабет за љубовта ми се пофали дека има момче од Скопје.

Среќни сме и наскоро ќе започнеме заедно да живееме. Знаеш неговите му имаат купено стан во Лисиче, ќе пробаме да видиме како ќе ни биде, јас барам истовремено и работа за да можам да помогам во заедничкиот живот.

Така разговарајќи одеднаш, една девојка од СКОПЈЕ почна бурно да реагира:

Уф да, да еве уште еден пример како вие од провинција ни ги земате скопските момци, така е најлесно прово најди си дечко насади му се во станот, почни со него да живеееш и најди си работа овде и оп остани си во СКОПЈЕ.

Двете се зачудивме, изброив до десет да се смирам за да не избие скандал, а другарката се сврте кон СКОПЈАНКАТА и со иронија и’ рече – На никој не му е дозволено да му суди и навредува другиот ако доаѓа од мал град. Да овде е мојата среќа…

Добро која е потребата да го понижиме другиот, ајде да направиме да се чувствува бедно и лошо?

Кога ќе размислам сите сме дојдени од некаде или отидени некаде. Ама ете, желбата да ти се укаже дека си инфериорен и ништожен е посилна од сé останато.

Престанете со оваа тема на разговор дајте нешто ново да дискутираме, отколку вечно непреболената провинција и заверите кои таа ги кова против вас и главниот град.

СПОДЕЛИ