За вмровките од Крива Паланка не постои поимот – почитување на работно време, тие биле на власт, за нив тоа не важело

0
364

“На изложбата ,, Климатски промени” од Шветската амбасада во Р.Македонија, во ЛУ Гратски музеј Крива Паланка, беа присутни и претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Крива Паланка, г-ѓа Елена Митевска Давидовска и неколку членки на Унијата на жени.” – ова е напишано вчера на фејсбук фан страната на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Крива Паланка точно во 16:15 часот, каде се поставени и  фотографиите од присуството.

11084279_653715618089547_3356259074779461173_n

И во прв момент тука нема ништо чудно и нелогично. Но она што треба и мора да се потенцира е дека оваа партиска група, на изложбата пристигнала по 12:30 часот кога нивната претседателка имала часови односно и течело работното време, била втора смена.

11074706_653715661422876_4750459797011792640_n

Кога мажот ти е просветен инспектор и довчерашен и актуелен (од сенка) секретар на Општински Комитет, а ти си вработена во образование како наставник, нашиот народ вели – за тебе нема зима.

11082598_653715734756202_3993338086231837859_n

Тоа е тоа, додека на едните во текот на работното време не им се дозволува ни 5-минутна пауза за цигара или им се брои колку пати одат во тоалет, другите си терат партиски агенди и никого не фермаат. Има разлика.

11029495_653715798089529_1476369129471341876_n

И како вели Гордана Јанкулоска: Треба да се знае кој е власт!