ЗАПОЗНАЈТЕ ГО МОМАКОТ ШТО ЗАГЛАВИ ВО НОРВЕШКА БОЛНИЦА КОЈ ЕДВАЈ ГО ИЗБРКАА

0
1953

Поболе се нешто по воа северот тука, по вие виулици, снегои и мрачни денови и дојде у допир со надалеку чуеното “норвешко здравство”.

Некој вирус сам фанал од некаде, неможам нити името да му га згодам како шо треба, али легна ме у кревет и однесе ме до болница у Норвешка. Па би сакал да ви га објаснам тоа искуство и како здравството функционира тука.

Локалниот доктор ме прати, нема упут, нема папирологија, само се јави до најблиската болница, најави ме, a у меѓувреме сестрата на шалтер викна ми такси.

Таксито кошташе околу 55 евра, ја плати само 15 евра, рестото часте норвешкио здравствен фонд.

Стигнувам у болницата, чисто маме му. Иду на втор спрат, само шо се качи, прашува ме сестрата, (лошо изговорено) Стефан Атанасов? Викам да. Уведува ме у соба, за мене спреман кревет со сите кул гаџети, да подигнеш глаата на копче, спушти нозите ако смрдат и слично. Нараквица со мое име презиме, норвешкио матичен и бар код ме чекаше на кревето. Измери ми висина, тежина, ташаците (огромни), температура, све како шо треба. Малку вежбаа додека ми најдеа вена, али после секоја инфузија само гу стават на истото цревцe, па страо од боцкање беше само тк.

Сестрата ме праша дали има нешто шо не сакам да јадам, кажа и дека не сам голем фан на кавијар, она речиси не се ни насмеа, немат смисол за хумор тука луѓето.

Од таа соба, ме префрлија у друга, објаснија ми дека таа соба гу користат за преглед, ја потстана да се облечам да отидам до другата соба, они не, лежи, тоа кревето со тркалца со све, абе норвешка технологија, одвезеа ме до другата соба а мене глупо ми, не су навикнат на такво гостопримство. Како сакат се осеќаше.

Вечерта одмараше, сестрите нон стоп доаѓаа прашуваа шо сакам да јадам, нешто специфично, викам абе лебче некое не ќе биде лошо. Донасање чадено од елен, шкампи, кашкавал, шунка, сос некој, парчиња овошје, зеленчук. Донесеа ми и сладолед, сестрата рече дека помагало околу отечените крајници. На дугме можеш да ги викнеш сестрите, реагират за пет секунди. Дали сакам овошен сок, каков сакам чајо да ми биде, сладоледо чоколаден, ванила или овошен сакам, абе цитрони ми ги направија.

Собата со поглед на норвешките планини, плазма пред тебе за добар поглед на Светското, уште пиво да служеа и уопште нема причина да испаднеш од там. Тоалет, секако у соба, нешто шо ни дел од студентите кај нас га немат,опремен со шампон, сапун, ракавици, маски, тоа без мирис и укус за мачкање на руките за дезинфекција, туш, регулатор на температурата у тоалето, генерално кажано, солидно опремено.

Првото утро, многу за никаде се осеќаше, дојде сестрата, праша ме шо би сакал за доручек, донесе ми нешто али не можеше тоа да га јадам и само начна. После два саати викам и сестро, виа тука шо немате Подравка супа немате, него некоја жуткаста, со “нудли”? Отиде девојчето, најде, потопли и донесе ми.

После тоа дојде докторо, главнио, едно старо бате, он да ти бил Швеѓанец. Ооо уште еден имигрант викам си, мислу си која ли е сиромаштијата у Шведска чим мора у ваа недојдија да кцкаш. Царо еден саат ми објаснува за дијагнозата, шо е уствари проблемо со мене, како би можел да га добијам тоа, уздуж и попреку све ми кажа, можу слободно да докторирам на темата. Најбитно ми беше шо не се лечило со апови, морало моето тело само да среде проблем. Мислу си, ооо царе, ако чекаш ти од овоа тело да стане и да заврше работа, заебал си се. Шефчето вика, а почну да јаду, одма ме пушта дома.

Втората вечер изгледа ги вторите четвртфиналиња, сладоледо вечерта овошен беше по мој избор, али вечерата ме разочара, немаше шкампи.

Сабајлето дојде па вај шведскио имигрант, тужан беше малку пошо енглезите тепаа ги претходната вечер швеѓаните, и царо ме прашува дали сметам дека би можел да си одам дома. Секако бе, викам му, дека ќе си бегам, не е проблем.

Идам на шалтеро, прашувам колку треба да платам. Чуде ми се сестрата, вика момак, чим работеш у Норвешка, нема шо да плаќаш, седни таму и чекај га таксито, сга ќе дојде да те збере.

Таксито назад до дома кошташе повеќе од 70 евра, па плати само 15, да живее норвешкио здравствен фонд.

Кога вака ќе функционира нашто здравство, може да праемо муабет за Европа, за значењето на идентитетот, шо значи ерга омнес, дали има интелигентен живот на друга планета и сите други дебати шо ги водемо по кафаните до ситните саати додека немамо основни услови да преживеемо у болница у 21ви век.

Од Фејсбук профилот на Стефан Атанасов