Замрзнати имотите на „Трансмет“, „Елит плаза“, плус три милиони евра од приватна сметка на ХОШТАПЛЕРОТ кој вози Сеад Ибица во бомбите на Заев, Сеад Кочан!

0
706

Судијката на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, Сандра Крстиќ, вчера доцна попладне на барање на Специјалното јавно обвинителство донела решение за замрзнување на имотот на сопственикот на „Трансмет“, Сеад Кочан, против кого се води постапка во случајот Труст, а којшто во моментов е во бегство, пишува Актуелно повикувајќи се на извори од скопска единица.

Решението, според нивни информации, опфаќа замрзнување на три милиони евра од приватна сметка, сиот движен и недвижен имот и сметките на компанијата „Трансмет“, хотелот „Елит плаза“ во Скопје, и имоти на уште 50 други имотни листови чиј сопственик е осомничениот Сеад Кочан.

Одлуката за замрзување на имотот веднаш е испратена до СЈО.

Што работеше Кочан во Македонија?

Од тендери за ископ на јаглен до тендeри за изградба на булевари, делници, чистење на канали, барокни фасади – компанијата „Трансмет“ чиј поранешен сопственик. Според податоците од Бирото за јавни набавки, најкрупните тендери се со РЕК Битола, односно за четири години, „Трансмет“ на Кочан  кеширала околу 55 милиони евра од два тендера со РЕК Битола.

Кочан сега е газда и на телевизијата ТВ Нова. Неговото име беше споменувано и во „политичките бомби“ што ги објавуваше СДСМ. Во објавените снимки поранешниот  премиер Никола Груевски го именуваше Кочан како „лицето што вози сеат“. Токму во еден од разговорите што го обелодени СДСМ  се зборува за конзорциум што би требало да го формира лицето „Сеат Ибица“ . Во објавениот разговор меѓу поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски се спомнуваат директорите на повеќе градежни компании меѓу кои беа и „Трансмет“ и „Силекс“, кои заедно со фирмата „ВАТО“, сега СЈО ги товари дека со лажна документација  исмпумпале 17 милиони евра од РЕК Битола.