Заминува еден Шпанец, пристигнува друг: Солскјер ќе го менува Ерера со репрезентативец на „фуријата“

0
179

Еден од најугледните спортски медиуми „ЕСПН“ во јавноста излезе со информација поврзана со трансфер активностите на Манчестер Јунајтед.

Според овој медиум, „ѓаволите“ во летниот преоден рок ќе се обидат да го донесат Саул Нигез од Атлетико Мадрид. За 24 годишниот шпански репрезентативец се интересира и Манчестер Сити којсе уште ја чека разврската околу продолжувањето на соработката со Илкај Гундоган.

Манчестер Јунајтед дефинитивно ќе остане без Андер Ерера кој кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, па Саул е идентификуван како негова перфектна замена.

Солскјер сакал да комбинира стабилен среден ред во кој ќе бидат вклучени Саул, Погба и Матиќ, но ќе му биде многу тешко да го оствари ваквото нешто со оглед на фактот што „душекчиите“ бараат огромна сума за Саул.

Во договорот на играчот од средниот ред со Атлетико Мадрид има откупна клаузула од вртоглави 150 милиони евра која „ѓаволите“ со сигурност нема да се согласат да ја платат. Сепак, постои можност цената да биде намалена со тоа што во трансферот ќе биде вклучен и некој играч на Манчестер Јунајтед.