ЗАЕВ ЌЕ ЈА ПОЧНЕ ЧИСТКАТА ОД МРЗЕЛИВИТЕ И НЕРАБОТЛИВИ ДИРЕКТОРИ

0
1127

Девет позиции во Владата, од кои повеќето заменик-министерски, како и 30 отсто директорски места од кои 15 „крупни“ директорски имиња, ќе бидат зафатени со бранот на најавената реконструкција, дознава БИРН од извори во владеачкотомнозинство, пренесува Бирн.

Ваквите бројки и проценти лично ги најавил премиерот Заев пред своите сопартијци. Од СДСМ потенцираат дека покрај консултациите со партнерите, при именувањето на нови кадри ќе се раководат од интерните анализи, но и од критиките за пропусти или несодветни решенија во кадровската политика, како и забелешките за недоволна битка против корупцијата и криминалот.

Процесот на кадровско проветрување премиерот Заев го најави уште во февруари, а беше инициран од потребата за проширување на парламентарното мнозинство, потребата за пополнување на испразнетите места, но и промена или рокада на кадрите кои досега не ја оправдале довербата, или не можеле да го дадат својот максимум на одредена позиција.

Заев синоќа ги завршил последните разговори со идните коалициски партнери, и веќе е извесно дека на новото парламентарно мнозинство ќе му се придружат тројцата пратеници од скопското крило на „Беса“ предводена од Африм Гаши и двајцата пратеници на ДПА предводена од Мендух Тачи. Партиските тела на ДПА и Беса сега и официјално ќе расправаат за принципите и основите на соработка во владината коалиција.

По еден министер за Беса и за ДПА

И СДСМ, и ДУИ, отстапуваат по една од нивните министерски позициии во корист на новите партнери. Како што дознава БИРН, ДПА ја добива позицијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции, која во првиот владиниот состав ѝ припадна на ДУИ, а остана кадровски непополнета уште откако Рамиз Мерко се кандидираше и беше избран за градоначалник на Струга.

И Беса добива една министерска функција, а како што дознаваме, партијата ги преферирала ресорите култура или образование. Според владини извори, најверојатно кадар на Беса ќе раководи со Министерството за култура. Ресорот образование влегува во фокусот на интерес на коалицискиот партнер ДУИ, односно, можно е СДСМ и ДУИ да направат рокада во раководењето на ресорите образование и правда.

Текстот на БИРН во целост прочитајте го ОВДЕ.