Владата ја ангажира ИРОН ЛЕЈДИ, Радмила Шеќеринска и АРМ ќе се борат против ОГНЕНАТА СТИХИЈА кај Македонски Брод

0
735

Пожарите кај Македонски Брод се уште се активни, а за нивно гасење се ангажирани и припадници на АРМ.

За пожарите синоќа на седница расправаше Владата на Република Македонија. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека пожарот во 20 часот се уште бил активен во Лутовец и во правец на Сува гора и оти имало тенденција да се прошири кон селото Здуње и првите куќи во Требовље.

На барање на ДЗС, во гаснењето биле вклучени и два хеликоптера на АРМ, а доплнително се активирани и два пешадиска вода од четвртиот баталојн на АРМ од Кичево.

Поради пожарите, свикан е Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи во кој членуваат владините министри за одбрана, внатрешни работи, транспорт и врски и здравство, како и директорот на ДЗС.

Повеќе информации за справувањето со пожарите кај Македонски Брод се очекува да соопшти директорот на ДЗС Шабан Салиу на прес-конфренцијата закажа за 12 часот.