Заев: Треба да се види дали е изјавата на нашиот пратеник Дудуш добро преведена, ако е така тогаш го осудувам кажаното и тој треба да се извини!

0
617

Ако е точно преведено видеото тогаш нашиот пратеник Дудуш треба да се извини и јас во потполност го осудувам кажаното! Ние како влада ќе се бориме против партизација на општеството и вие тоа ќе може да го видите на дело во периодот кој што следи. Ве уверувам во тоа!

Изјави премиерот Заев на пресот со Хан во врска со видеото кое протече во јавност на кое наводно пратеникот на СДСМ, Курто Дудуш им нуди на жители на Шутка членски книшки на СДСМ. Пратеникот Дудуш денеска го демантираше видеото тврдејќи дека е злонамерно преведено, тој зборувал за книшки на ВМРО ДПМНЕ кои биле втора лична карта во земјава а не за членски кништи на СДСМ.kucoDudush