Заев со честитка до Тамара: Одамна не сме биле олку горди

0
234

Премиерот Зоран Заев синоќа на својот Фејсбук профил и честиташе на нашата претставничка Тамара Тодевска, која го освои осмото место на финалето на Евровизија во Тел Авив.

– Честитки Тамара, честитки #TeamTamara. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди!, напиша Заев на Фејсбук.

Тој претходно на Фејсбук ги повика пријателите во Европа да гласаат за нашата претставничка.

Тамара Тодевска со осмото место го освои највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија.

Ова е најдобар пласман на земјава откако учествува на Евровизија од 1998 година. Претходно, најдобар пласман земјава освои во 2006 кога се пласираше на 12-то место со претставничката Елена Ристеска со „Нинанајна“.

Aвтори на песната „Proud“ се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали се Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев.