Заев се сретна со Иво Вајгл: Власта сака да ја саботира Јанева

0
122

Zaev Vajgel1

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретна со известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл.

– Договорот од 2 јуни/15 јули мора да биде спроведен, не смее да биде доведувана во прашање имлементацијата на договореното – порача известувачот Вајгл.

Тој ги поздрави заложбите на СДСМ за реализација на договореното во Пржино и за запазување на предвидените рокови за усогласување.

Претседателот на СДСМ го запозна известувачот Вајгл за прекршувањето на Договорот со што е оневозможена автономната работа на специјалната јавна обвинителка, загарантирана со Законот за специјално јавно обвинителство.

– Ова е обид на власта на Груевски СДСМ да се откаже од преговарачкиот процес и обид за саботирање на самостојната работа на специјалната јавна обвинителка – оцени претседателот Заев.

Zaev Vajgel2

Заеднички е констатирано дека непочитувањето на Договорот од 2 јуни / 15 јули може да ја да врати Македонија на почеток на политичката криза.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент соопшти дека Брисел со внимание следи што се случува во земјава, во овие моменти кога се работи на Извештајот за Македонија.

– Очекуваме кредибилен, демократски и транспаренен изборен процес во Македонија – соопшти Иво Вајгл, на средбата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.