Заев од вечерва во посета на Израел, на средби со претседателот, министри, бизнисмени…

0
84

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од вечерва ја започнува официјалната посета на Израел каде што ќе има средби на највисоко државно – владино ниво, а ќе се сретне и со претставници од бизнис заедницата, известуваат од партијата.

zaev ny

Утре, 12 октомври, понеделник, во Тел Авив, Заев ќе има средба со претседателот на Израел, Реувен Ривлин, во претседателската резиденција.

По средбата со претседателот на Израел, Заев ќе има состанок со претставници на израелската бизнис заедница.

Во вторник, 13 октомври, претседателот на СДСМ ќе има средби со високи владини претставници на Израел.

Заев ќе се сретне со вицепремиерот на Израел, Силван Шалом и со министерот за инфраструктура, енергетика и води, Јувал Стеинц.

Во рамки на официјалната посета на Израел, претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе ги посети и светите места во Ерусалим, а е предвидено да даде и интервју за познат израелски медиум, соопштуваат од СДСМ.