Заев од Берово: За десет дена ставаме крај на десетгодишниот режим!

0
151

Имам огромна чест од овде, од Малешевијата, да објавам – подготви се Македонијо повторно слободно да дишеш! За десет дена ставаме крај на десетгодишниот режим. Гарантирам просечна плата од 30.000 денари, минимална плата од 16.000 денари, за сите. На секој од вас ќе враќаме по 15 отсто од платениот ДДВ, рече Заев вечерва во Берово.

– Груевски во последните три-четири години потроши 1 милијарда евра на споменици, на музеи, на жални врби и на што ли уште не. И јас ќе потрошам 1 милијарда евра – но за отварање на нови работни места, најмногу за младите, оти тие се нашата иднина. Ќе им помогнеме на државните фирми со директни пари.

– Ќе обезбедиме 20 отсто повисоки субвенции за земјоделците. Овој план го плаши нашиот политички противник. Ред е и Никола Груевски и неговата фамилија да вратат се што зеле. Ќе има конфискација, добро знае Груевски, ќе има – се што украде, се има да врати! Груевски се однесува како да пиел малешевска сливова ракија и тоа без мезе.Мамурни се сите и не се свесни дека на 11 декември ќе ги отрезниме сите! Почитувани беровци, една поговорка вели дека пред секоја важна одлука секој човек да изброи до три – на 11 декември, избројте до 3 и гласајте за број 4.