Заев: Ниту барам, ниту прифаќам да бидам амнестиран!

0
148

„Ниту барам, ниту прифаќам да бидам амнестиран. Не сме сите криминалци“, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, нарекувајќи ја одлуката на претседателот Ѓорге Иванов „државен удар“. „Криминалната банда на Никола Груевски се обидува да се спаси од злосторството и криминалот што и’ го направија на сопствената земја”, рече Заев. Лидерот на СДСМ рече дека “Иванов денеска стана директен соучесник во злосторничкото здружение против Македонија“.