Заев на средба со висока државна делегација на Велика Британија: Мора да има чист избирачки список и медиумски реформи за фер избори

0
175

Мора да има чист избирачки список и медиумски реформи за фер избори,  изјави Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на средба  со британскиот државен министер за Европа, Дејвид Лидингтон, придружуван од заменик раководителот на секторот за западен Балкан во МНР на Велика Британија, Питер Беинбриџ, секретарот на министерот, Ричард Јеитс и амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет.

Заев појасни дека во програмата на партијата, акцент е ставен на потребите на граѓаните, работни места, добар судски систем што ќе гарантира неселективна правда за граѓаните и инвеститорите и институции во кои граѓаните ќе веруваат.

„Демократските институции во Македонија можат да се вратат само преку слободни, фер и демократски избори, на коишто ќе биде избрана Влада со полн легитимитет“- категоричен е Заев.

На средбата се говореше за актуелната политичка ситуација во Македонија и исполнувањето на клучните услови за фер и регуларни избори.