Заев за Хрватска Нова ТВ : Оваа влада паѓа!

0
405
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во седиштето на СДСМ даде интервју за хрватската телевизија Нова. Ви пренесуваме мал дел од 16 минутното интервју.
Zaev Intervju Nova
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев збореше за ситуацијата во којашто се наоѓа Македонија, за скандалот со тајните снимки што беа објавени од лидерска средба помеѓу премиерот Груевски и претседателот Заев, за обвинувањата за наводна соработка со странски служби, за тоа дали СДСМ опстојува на ставот за објавување на доказите.
„Целата јавност знае дека јас пред какви било разговори со премиерот ветив дека тоа не може, ниту пак смее некој да го сокрие од јавноста, што потврдува дека немало никакви уцени околу тоа.
Она што е исто така значајно, странските служби кои наводно ми помогнале мене околу доказите, само премиерот го соопштува тоа, Министерството за внатрешни работи не спомена ништо до сега. Зашто и на него му кажав, на прашањето од каде дојде овој материјал до мене, дека се странски служби, па веројатно нема да ги издадам оние кои се охрабриле и ми ги дале тие материјали. Намерно реков странски служби затоа што некој може да го изгуби животот, животот на своето семејство. Тие луѓе се нивни соработници. Тие не можеа да продолжат да живеат знаејќи што се случува во нивната земја.
Во нормална земја тие материјали се доставуваат во Јавното обвинителство, ама тие знаат дека ние немаме Јавно обвинителство, немаме судство.
Како опозиција знаеме дека тоа мораме да го направиме. Тоа ни го налагаат и законите на Република Македонија, да ги споделиме доказите со јавноста.
Истовремено, недвосмислено знаеме дека мораме да водиме сметка за иднината на нашата земја.
Со ова што се случува јас едно знам, оваа Влада паѓа. Се надевам дека ќе имаме доволно мудрост и сила како нација, како земја, да направиме чекор напред и да не дозволиме во иднина веќе никогаш вакво нешто да се повтори“.