Заев за РТС : Разобличени се!

0
357

Мал дел од интервјуто на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дадено за српската национална телевизија РТС, денеска, ден по објавените докази од страна на СДСМ, за масовното прислушување од страна на Груевски и Мијалков, над 20.000 граѓани во Македонија :

Zoran_Zaev_10.02.2015

После она што го соопштивте вчера власта не се огласува. Што кажуваат? Дали вас ве контактираа?

Никој не ме контактирал. Тоа е многу чудно затоа што во најмала рака министерот за внатрешни работи мораше да излезе ама никој не се огласува. Сега се е јасно. Она што е како тврдење во јавноста, дебата, кој тоа ги слушал нашите граѓани, повеќе од 20 илјади граѓани на оваа земја, веќе на сите им е јасно, од повеќе причини.

Тврдењето за коешто сум јас осомничен и уште неколкумина кои се во притвор, дека тоа се странски служби кои се присутни во Македонија веќе се разобличени со вчерашната прес конференција којашто ја одржавме.

Затоа што преку 20.000 граѓани не може да прислушува странска служба, поединец или која било група, освен државната служба.

Исто така тие мора да бидат конектирани со телекомуникациските системи, а тоа се Оne, VIP, T-Mobile, мора да има конекција околу тоа.  Можно е некој да улови еден или два разговора, ако користат некоја современа технологија, но повеќе од 20.000 граѓани?! Тоа им го прави државата на нашите граѓани, јасно е.

Z.Zaev,_intervju