ЗАЕВ ЗА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ: Јас и мојот тим ќе направиме се 2018-та да биде бериќетна за Македонија!

0
329

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, е личноста што ја одбележа минатата година и стави крај на една тешка деценија за Македонија, што е огромен капитал, но и огромна обврска. Запрашан – дали тој политички капитал може да стане негова Ахилова пета, ако дозволи да го прокоцкаат лица кои влегуваат на одредени позиции далеку од стандардите на мерит системот, премиерот е дециден дека нема да го дозволи тоа.

„Ќе тргнам од вашите констатации за политичкиот капитал и за обврската. Само сакам да додадам дека политичкиот капитал го добив од граѓаните на нашата земја. Тие препознаа дека нашите политички и општествени вредности се сретнаа во еден клучен момент за Република Македонија.

Тој капитал си дојде заедно со обврските. Тоа е секогаш така. Во политиката ништо не се добива на вересија. Ќе добиеш толку, колку што граѓаните ќе препознаат во вредноста на твоите политички идеи, колку ќе се идентификуваат со твојот ентузијазам и во твојата подготвеност да демонстрираш јасна идеја и да поднесеш жртви за јавниот интерес.

Во однос на моите соработници со кои заедно сме се впуштиле во овој наш голем потфат – да ги исполниме очекувањата на граѓаните и заедно да создадеме држава и општество достојни за сите граѓани, не ми останува друго освен да опстојам на уверувањето дека сите се подготвени за тој пат. Дека уште во стартот им е јасно што не очекува, и дека им е јасно дека треба да исполниме стандарди и критериуми кои ние ги баравме од нашиот опонент, заедно со граѓаните на нашата земја.

Целото интервју на следниов линк ОВДЕ..

СПОДЕЛИ