ЗАЕВ ДА ГО СЛУША НАРОДОТ И ДА ФОРМИРА МНОЗИНСТВО СО 33 ПРАТЕНИЦИ

0
357

Кога ќе размислам подобро, сепак мислам дека Заев треба да го слуша народот…
Требаше да формира влада со своите триесет и три пратеници…

Одете на вебсајтот на Собрание на РМ и ќе видите дека СДСМ имаат само триесет и три пратенички места… Со оние неколку ‘независни’, ќе се направат дури 37…

— — —

Убаво му велеше народот дека не смее да им прости на ЛДП и НСДП… Тие беа во коалиција со ВМРО… Оној Жерновски кажуваше нешто за ‘змија или магаре’, а Тито Петковски го растури СДСМ и си формираше влада со ВМРО… Тие работи не се забораваат… И не смеат да се заборават… Животот е тркало… Удри им клоцата и ајт упм…

Не смееше да им прости ниту на Павле Трајанов и Лиле Поповска… Долги години тие му го чуваа грбот на Грујо…
Не смееше да им прости ниту на Чедомир Саздовски (тој беше со Стефчо од Подржикоњ), ниту на Амди Бајрам (тој покажуваше среден прст)…

Не смееше да прави коалиција ниту со оние партии во коишто доминираат Власи, Турци, Бошњаци, Роми итн., (речиси сите тие до скоро беа во коалиција со ВМРО)…

ДПА, Беса, Алијансата итн. (нив само интересите на Албанците ги интересира… Море, фрлај во канта тоа ѓубре)…

И најбитно… Никако не смееше да прави коалиција со ДУИ… Ахмети сите овие години беше рамо до рамо со Груевски… ДУИ заедно со ВМРО беа предводници на режимот…

— — —

Требаше САМИ…
Така велат оние што ‘имаат образ’, што ‘имаат достоинство’ и коишто не можат да го заборават понижувањето од сите горенаведени…

Направи си брате влада со 33 пратеници, па нека пукнат душманите…

А и да не можеше да направи влада, ништо страшно… Барем ќе си го сочувавме достоинството…

ВМРО и ДУИ ќе си продолжеа да владеат… И ќе си ги гледавме и натаму Миле, Гоца и Хипо… И ќе си ќутевме, пошто политика нас не не’ интересира!

— — —

Не си Македонец ако не мислиш дека би бил најдобар премиер, најдобар неврохирург, најдобар космонаут и се’ друго!

Фејсбук статус на Ацо Лукароски, македонски гастербајтер во Канада