ЗАЕВ ГРАДИ ПРИЈАТЕЛСКИ МОСТОВИ КОИ ГРУЈО И НЕГОВИТЕ РЕЖИМСКИ КОПИЛИЊА ГИ РУШЕА 12 ГОДИНИ – Ручи: Албанија меѓу првите ќе го потпише протоколот за членство во НАТО

0
441

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Грамоз Ручи, претседател на Собранието на Република Албанија.

Претседателот на албанскиот Парламент, Ручи, пренесе импресионираност од постигнувањата на Македонија во делот на политичката стабилност и интеграциите во НАТО и во ЕУ. Тој оцени дека посебно, благодарение на мудроста и смиреноста на премиерот Заев, спречена е дестабилизација на Македонија со настаните од 27. април во Парламентот, постигнат е реформски развој, меѓуетничка кохезија, добрососедски односи и Република Македонија како никогаш досега е блиску до НАТО и до Европската унија. Претседателот на Парламентот на Албанија ги оцени како искрени и пријателски односите помеѓу Македонија и Албанија, ги поздрави договорите со Бугарија и со Грција и најави дека неговата земја и албанскиот Парламент ќе бидат меѓу првите што ќе го потпишат протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Премиерот Заев се заблагодари за поддршката од Албанија во НАТО интеграциите и оцени дека се отворени големи перспективи за соработка на двете држави на економски план.

-Благодариме на Република Албанија за поддршката за членство на Македонија во НАТО. Од големо значење е и поддршката што си ја даваме во ЕУ интеграциите. Очекувам околу средината на јануари да биде ратификуван Договорот од Преспа во Парламентот во Македонија, по што следува ратификацијата на Договорот од грчка страна, како и ратификацијата на Протоколот за НАТО. Владите на Македонија и на Албанија се во искрена, редовна и пријателска соработка. Јас ќе ја искористам приликата, во име на Владата на Македонија, да повикам да се унапреди уште повеќе соработката меѓу двата парламента. Посебно на економски план имаме одлични перспективи, да овозможиме квалитетен живот за граѓаните во нашите земји, рече премиерот Заев.

На средбата беше изразена заедничка поддршка за  проектите што се однесуваат на инфраструктурното поврзување во патната и железничката инфраструктура, за олеснувањето на движењата на луѓе и стоки преку проектот на интегрирано гранично управување “One Stop Shop”, што се очекува да се реализира на пролет, за енергетското поврзување на кое што се работи, како и во областа на царинското работење, образованието, културата. Во таа насока, премиерот Заев побара поддршка да се забрза отворањето Културен центар во Тирана, за што е веќе разговарано на владино ниво.

На средбата помеѓу премиерот Заев и претседателот на албанскиот Парламент, Ручи, беше поздравена изградбата Едно општество за сите во Македонија, како и заложбите во Албанија за унапредување на правата на Македонците кои живеат во Република Албанија. Договорено е пријателската соработка помеѓу двете земји да продолжи на сите нивоа, во интерес на граѓаните, развојот на државите и на регионот.