Заев го покани Борисов на 2-ри Август да дојде во Македонија

0
273

На заедничата прес конференција на домаќинот, премиерот на Бугарија Бојко Борисов и на премиерот на Македонија,  Зоран Заев му упати лична покана на Борисов на 2 август – Илинден да биде гостин во Македонија и заедно да го празнуваме.

Македонскиот премиер побара од Бугарските власти да ја подржат Македонија на патот кон ЕУ и НАТО особено што од 1 јануари идната година Бугарија ќе претседава со ЕУ.
Бугарскиот премиер истакна дека неговата држава е пријател на Македонија и дека ке и помогне во реформите кои се неопходни за влез на Македонија во Нато и ЕУ.
Премиерот Заев од утрово е во официјална посета на Софија а домаќин му е премиерот Бојко Борисов