ЗАЕВ ГИ ШОКИРА МРЧАТОРИТЕ : И Санадер избега, ама беше вратен, јас кога ќе кажам Груевски ќе биде вратен, И ЌЕ БИДЕ ВРАТЕН!

0
1294

Во вечерашното интервју на премиерот Зоран Заев за телевизија Алсат М изјави дека Груевски ќе биде вратен во Македонија исто како што го вратија хрватскиот премиер, Санадер откако им побегнал на хрватските власти.

  • Васко Попетревски – Како ќе ја убедите јавноста дека не станува воопшто за некаков дил помеѓу Груевски и владата и тебе како премиер?!
  • Груевски е осуден криминалец. Ако се утврди одговорност, ќе понесе одговорност кој сака во државата, почнувајќи од мене, па било кој друг. Но, нечесно е и не можеме да разрешуваме луѓе, затоа што е гневна јавноста. И порано се исправуваше дилемата дали Заев се договорил со Груевски во Пржинскиот договор, па потоа испадна дека не сум се договорил. Се што сум кажал, така било. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен. Унгарија треба да каже дали бил киднапиран, дали по своја волја влегол во дипломатско возило, и екс премиерот на Хрватска, Санадер им побегна на хрватските власти па беше вратен, рече Заев.