ЗАЕВ ГИ ПОКАНИ ЛИДЕРИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ОХРИД ЗА ПОДОБРА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА И ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ

0
1079

Во Охрид започна работниот дел од состанокот на лидерите на Западен Балкан, на кој претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама ќе ја презентираат вчера утврдената декларација со листа на приоритети и мерки за подобрување на регионалната соработка и за остварување на заедничката цел, членство во ЕУ, пред Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора Драгица Секулиќ.