ЗАЕВ ГИ ПОКАНИ КИНЕСКИТЕ ГИГАНТИ, HUAWEI И CHINA ENERGY ДА ИНВЕСТИРААТ ВО МАКЕДОНИЈА!

0
667

Во рамки на дводневниот престој на владината делегација во Будимпешта на Самитот 16+1, премиерот Зоран Заев придружуван од економскиот владин тим денеска се сретна со Дејвид Танг, претседател на „Хуавеи“ за Централна и Источна Европа и нордиските земји, и со други претставници на менаџментот на компанијата.

Владината прес-служба соопшти дека на средбата се разговарало за идните перспективи на соработка меѓу компанијата „Хуавеи“ и Република Македонија, за идните инвестициски чекори, но и за новите иновации и смарт технологии што ги лансира компанијата. Било заклучено дека во Македонија се создадени услови за развој на стабилна бизнис-клима и поволни услови за нови инвестиции.

Претставниците на „Хуавеи“ ги презентирале новите смарт технологии што ги развиваат за кои рекоа дека се апликативни за развој на т.н смарт градови. Во таа насока тие го претставиле новиот проект на смарт осветлување, за што изразиле интерес да го понудат на општините како иновативно решение кое нуди можност за заштеди на општинските буџетски пари.

Била изразена согласност дека соработката со „Хуавеи“ ќе продолжи да се интензивира и дека новите владини економски политики и Планот за економски раст обезбедуваат солидна основа за нови инвестиции и соработка на заеднички проекти.