Заев во Охрид: Со промените доаѓа сигурна и подобра иднина за Македонија

0
149

Претседателот Зоран Заев денеска е меѓу граѓаните на Охрид. Тој утрово се сретна со жителите на Пештани кои срдечно го пречекаа.

-Само притисоци и закани имаме затоа што отворено сме против оваа криминална власт. Мора да има владеење на правото. Мора да им се врати имотот на вистинските сопственици во Пештани, побараа пештанци.

Се краде имот, се крадат гласови. По сите основи сме дискриминирани и обесправени, едногласни се граѓаните.

-Промените незапирливо доаѓаат. Ставаме крај на криминалот и корупцијата, во Македонија да има право и правда за сите. Сите ќе бидаме еднакви пред законот и сите заедно ќе се бориме за подобар живот, рече Заев.

Претседателот Заев во Охрид оствари средба и со борците од НОБ. Тие изразија незадоволство од состојбата во којашто се наоѓа државата и загрозената слобода, правда и еднаквост.

-Ние како Сојуз на борци од НОБ имаме морална одговорност во зачувување на безбедноста на државата, враќање на слободата и просперитот на држава. Затоа се приклучивме во оваа борба за сигурна иднина на слободна Македонија, рекоа тие.

Претседателот Заев рече дека  и тој е член на Сојузот на борците уште од 2004 година и длабоко ја цени и почитува улогата на народоно-ослободителното движење врз чии што темели е изградена современта македонска држава.

-Тоа што е оставено од нашите предци треба да се чува и надргадува а не да се руши. Државата треба да ја вратиме на нормален колосек и да ги обновиме срушените институции. Со промена на власта ќе има независни институции и партијата ќе се одвои од државата. Државата ќе си ја вратиме во нормала, ве уверувам, дециден беше Заев.

Претседателот Заев додаде дека со реализирање на мерките од програмата на СДСМ ќе се  обезбедат нови работни мест,  пристојна работа со повисоки плати.

-Силно ќе го помогнеме домашното стопанство а со мерките за повраток на 15% од ДДВ парите ќе ги враќаме кај граѓаните. Имаме мерки за отворање на нови работни места, зголемување на стандардот и еднаквоста во општеството коишто ќе гарантираат сигурна и подобра иднина за сите наши граѓани, рече Заев.

Средбите со охриѓани продолжуваат низ централното градско подрачје во Охрид. Граѓаните со насмевка и со очи полни верба испратија порака дека единствената надеж за подобро утре ја гледаат во промените што ги носи Зоран Заев.