Заев во Кукуречани: Субвенциите ќе ги зголемиме на 160 милиони евра годишно

0
146

Со тешкиот и мачен живот се бориме секојдневно. Ние земјоделците сме со наведнати глави. Немаме субвенции, немаме пласман, се снаоѓаме како знаеме и умееме. Оваа власт не запусти, мора работите да се променат.

Со овие зборови жителите на Кукуречани му се обратија на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, којшто ги посети по вчерашната трибина со младите во Битола, соопштуваат од СДСМ.

-Заедно ќе ги менуваме работите. Секој вистински земјоделец ќе добива субвенции навремено и тогаш кога му се најпотребни. Субвенциите ќе ги зголемиме на 160 милиони евра годишно. Но, сите знаете дека субвенциите не го решаваат проблемот. Затоа имаме мерки со коишто ќе обезбедиме сигурен пласман на земјодлеските производи и достоинствени цени. Субвенциите за тутунот ќе останат но за прва клса ќе има уште 1 евро по килограм субвенција, рече претседателот Заев.

Zaev7

Жителите на Кукуречани коишто масовно и срдечно го пречекаа претседателот Заев со голема надеж ја очекуваат промената во Македонија на следните фер и демократски избори.

– Поддршка од вас, граѓаните ги најавуваат промените. Прочистувањето на избирачкиот список и слободата на медиумите се главните услови за фер избори и тоа мора да се обезбеди. Само на фер избори граѓаните можат слободно да ја изразат својата волја за промени. Нови изборни манипулации нема да дозволиме, затоа ја баравме техничката влада, рече претседателот Заев.

– Доаѓа ново време. Заедно, да си го вратиме единството и достоинството во државата. Чекор по чекор, Македонија ќе ја направиме подобро место за живеење, гордост на секој граѓанин, рече Заев.

Според Заев, криминалот, корупцијата, никогаш повеќе нема да се повторат во Македонија.