ЗАЕВ ВНЕСЕ ОПШТА ПАНИКА КАЈ БАНДАТА БОЈКОТИРАМ: Разговарав со пратениците од ВМРО ДПМНЕ, оптимист сум дека ќе стигнеме до 80 пратеници кои ќе гласаат ЗА амандманите!

0
956

Сега е моментот да се каже дали сме за ЕУ и НАТО. Разговарав со пратениците. Секој пратеник е еднакво важен. Оптимист сум. Назад враќање нема. Ова го изјави денес премиерот Зоран Заев, кој учествуваше на Форумот за граѓанско општество „Вклучување на граѓанското општество во Берлинскиот процес“.

– Деновите се бројат. Не треба да си играме играчки. Вистинската опција е Парламентот. Не треба да губиме време. Верувам дека јавноста е изморена од избори -изјави Заев.

Тој додаде дека Ципрас му посакал среќа во Парламентот.

– Може да верувам дека имаме двотретинско мнозинство, а може да верувам и да немаме, но тоа мора да се види преку дебата во комисиите, на пленарната седница во Собранието и на крај на гласањето. Разговаравме со сите, но најмногу со пратениците и видовме дека постои прогресивна маса за да почне процесот на уставни измени и затоа владата вчера достави предлог до Собранието. Очекувам, преку дебатата во Собранието, по природен пат, да се оформи двотретинското мнозинство – рече Заев.

Според него, тоа што се случува сега е диференцирање на два правци и во владејачката гарнитура и во опозициската структура – прогресивни и регресивни.

– Сериозноста на сфаќањето дека без договор со Грција нема интеграција во ЕУ и НАТО е конечно потврдена и нема дилеми. Ние треба да се исправиме пред одговорноста на времето што го живееме. Одговорноста за земјата и за граѓаните е најважната работа пред која сме исправени, а потоа се нашите секундарни работи – каков рејтинг имаме, дали ќе нѐ изберат повторно на избори. Од тој аспект јас многу верувам во нашиот Парламент дека ќе надвладее прогресивниот елемент, дури и по вака сериозно чувствително прашање – рече Заев.

Тој изјави дека е релаксиран и е оптимист во пресрет на дебатата во Собранието за уставните измени дека тие ќе поминат на „прва топка“.