ЗАВРШИ ЖУРКАТА, НЕМА ВЕЌЕ ЛАПАЊЕ ПАРИЧКИ ОД БУЏЕТОТ, КУРТОНИТЕ ВО НОВА ТВ НИКАД НЕМА ДА ЗЕМАТ ПЛАТА: ЕЛЕМ ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ СО ТРАНСМЕТ ЗА ИСКОП НА ЈАГЛЕН!!!

0
484

ЕЛЕМ го раскина договорот за ископ на јаглен во РЕК Битола со „Трансмет“ откако фирмата на Сеад Кочан ја известила државната енергетска компанија дека не може да ги исполни обврските. „Во ниту еден од изминатите три месеци Трансмет не ги испорача договорените количини јаглен“, се вели во соопштението на ЕЛЕМ.

Од таму информираат дека ќе ја активираат банкарската гаранција од 300 илјади евра оти ќе ги преземат сите правни дејствија за да ја надоместат штетата. Исто така, не „Трансмет“ му е забрането една година да учествува на државни тендери. Токму тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола, вреден над 17 милиони евра е причината поради која СЈО го отвори предметот „Труст“ во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан.