Завела милионер, па го ограбила: Вградила силикони, му зела 2.5 милиони евра и побегнала

0
341
Таа била келнерка, а тој богаташ, а потоа таа успеала да го ограби и си заминала без трага и глас.

Еден постар австриски бизнисменостанал без 2.5 милиони евра откако до уши се заљубил во една хрватска келнерка и својата љубов ја докажал така што ѝ ја дал лозинката од сефот и лозинката од картичката, пишува порталот Heute.at.

02-go-ograbila-karl

Сузи (42, судот го крие нејзиното вистинско име) работела во еден голф клуб како келнерка, а чест гостин на шанкот бил супербогатиот Карл Х. (78) кој на Хрватицата често ѝ се жалел дека не може да живее во самотија после 40 години брак.

Неговата сопруга неодамна починала, а Карл пронашол утеха во голфот и алкохолот. Сузи очигледно за брзо време ја забележала својата шанса, па на очајниот Карл му продала приказна дека сопругот ја злоставува и дека нема пари за развод. Секако, тука Карл испаѓа спасител и ѝ го решава проблемот на Сузи како од шега.

Разговорите во барот наскоро се префрлиле во кревет, а алчната Сузи станала чест гостин во неговата луксузна вила. Наскоро, двојката се венчала, а Сузи станала побогата за нови гради, заби и Мерцедес.

Секако, ниту тоа не ѝ било доволно. Карл ја продал својата компанија за 2.8 милиони евра и после тоа наивно на својата сопруга ѝ го кажал бројот од лозинката на картичката и броевите од сметките…

03-go-ograbila-karl

Веќе следниот ден, среќната Сузи му соопштила на сопругот дека ќе оди на одмор во Хрватска, но наместо на Јадранско море, алчната сопруга отишла во Виена и го ограбила Карл речиси до последниот цент, пишува порталот Jutarnji.hr.

Целиот случај сега е на суд во Виена, а Хрватицата се брани дека Карл бил дарежлив и дека станува збор за многу скап подарок. Меѓутоа, прашање е што ќе одлучи судот. Ако нејзината приказна не им е уверлива, таа би можела да добие и до 10 години затворска казна.