Жерновски: Работен наслов на операцијата со оставките е “Спас за Груевски”, не застануваме додека оставка не даде Никола Груевски!

0
273

zernovskirr

Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски на својот Фејсбук профил ги искоментира вечерашните оставки.

Тој порача дека не смее да се застане додека оставка не си даде Никола Груевски.

-На сите треба да ни биде јасно дека работен наслов на операцијата со оставките е “Спас за Груевски”.

Затоа, сакам јасно да порачам дека не смееме да застанеме се’ додека оставка не си даде самиот Никола Груевски!!!, напиша тој.