Жерновски: Нема да никне 55-катница во Дебар Маало

0
80

Sredba-so-gragjani-Debar-Maalo-9-11-540x405

Државната власт е власт, но и ние имаме свои права и не даваме Дебар Маало да се уништи, вака жители на Дебар Маало, синоќа на средбата со градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, службите на општината и НВО секторот, го изразија својот револт за, како што велат, повеќедецениското дивеење на градежната мафија и урбанистичко силување на овој дел од центарот на Скопје.

За да ги искажат своите проблеми и да ги сменат работите со носење на детален урбанистички план според нивните потреби, не им пречеше ниту поројниот дожд ниту грмотевиците. Јасно порачаа – кај ПУИГ не сакаат нова станбена зграда, ниту пак 55 катница на местото на општината.

– На местото на локацијата кај ПУИГ, наместо зграда ќе има зелена површина, детско игралиште и реквизити за играње. Затоа е неопходно да ги пополните анкетните ливчиња со ваши барања и забелешки и доколку Министерството за транспорт и врски не даде согласност за ДУП-от, тогаш ќе треба да се соочат со волјата и незадоволството на граѓаните. Катна гаража не мислам да правам и тука ќе има зелена површина, бидејќи и тоа е барање на граѓаните. Неколкупати веќе кажав, но и сега да повторам, немам намера да градам општинска административна зграда. Значи, 55-катница нема да никне, ниту сантиметар зеленило ќе се уништи, ниту едно дрво ќе се исече – рече Жерновски.

Sredba-so-gragjani-Debar-Maalo-9-21-540x304

Жителите на овој дел од Дебар Маало се изненадени, но и крајно револтирани како може владата, три парцели да прогласи дека се од посебен интерес, планирајќи тука да гради станбени објекти и хотелски комплекс. Ова, појасни градоначалникот Жерновски, мора да го направи сред летни одмори, донесувајќи правилник на 21-ви јули. Граѓаните сами предложија дека треба да се организираат во борбата со градежната мафија.
И за денеска е предвидена средба со граѓани во 17 часот, кај пазарчето Буњаковец.