Жерновски: Наместо глупости и лаги, ВМРО-ДПМНЕ да одговори за дивоградбата кај нивното ново барокно седиште

0
199

Ставот на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски за урбанизацијата на Водно е познат. Тој најостро се спротивставува на уништувањето на оваа зелена оаза.

Токму претходните градоначалници, кои беа од редовите на ВМРО-ДПНЕ го дозволија дивеењето на урбаната мафија на Водно.

Andrej-Zernovski-639x320

Градоначалникот Жерновски, пред Уставниот суд, ги обжали двата ДУП-а, кои предвидуваа изградба на десеткатница на Водно и урбанизација и уништување на 12.000 метри квадратни зеленило. Овие криминални ДУП-ви, ВМРО-ДПМНЕ сакаше по секоја цена да ги донесе, и затоа ги прогласи за изгласани, иако „за“ гласаа 11 советници, а против беа ист број на советници .

Уставниот суд, кој работи под партиска директива, не поведе постапка за оценување на уставноста на незаконски донесените ДУП-ви.

Решенијата за уривање на гаражите беа донесени од градежниот инспектор Милан Пижула, кадар на Владимир Тодоровиќ.

Градоначалникот побара полициска асистенција за извршување на решенијта за уривање на гаражите на Водно, под силни и секојдневни закани на Државниот градежен инспекторат дека ќе и бидат одземени ингеренциите на општината во доменот на инспекциите и постојаните притисоци од Државниот управниот инспекторат дека ќе бидат изречени казни од 7.500 до 15.000 евра, кои градоначалникот веќе два пати ги плати од сопствен џеб.

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ оди до таму што го посочува Андреј Жерновски како виновник на урбанизацијата на Водно, иако целата македонска јавност , преку објавените снимки, се увери, кој купува огромни плацеви на Водно. Премиерот, наместо да работи 24/7, се возел во комбе за да си избере исплатлив и „џабарлак“ плац.

И затоа, наместо глупости и лаги, какво што е денешното соопштение, ВМРО-ДПМНЕ да одговори за дивоградбата кај нивното ново барокно седиште.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, е подготвен, во секое време, резултатите од неговото двегодишно раководење со општината, да го спореди со било кој градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. Се што е направено, направено е исклучиво со средства од општинскиот буџет, без никаква помош од државата.