ЕУ ќе му ја притегне „јамката“ на Грујо: Ванхоуте не демантира дека функционери на ДПМНЕ биле ставени на црни листи!

0
150

van_haute_0

Питер Ванхоуте вели дека не можа да потврди, но дека не може ни да демантира оти одредени владини функционери се нашле на црни листи во неколку земји членки на Европската унија.

„Не можам да потврдам, но не можам ни да демантирам, но во минатото се покажа дека овие мерки можат да бидат ефективни. Она што можам да го кажам дека постои група која се вика „Friends of Macedonia“ и знаеме дека некои земји членки веќе ја напуштиле оваа организација“, рече Ванхоуте.

Тој  дополни дека доколку нема компромис меѓу партиите ќе има сериозен одговор од ЕУ и Америка, како и сите други земји кои будно го следат процесот.

Одговарајќи на прашањето дали ќе следат санкции доколку политичарите не успеат да се договорат за излез од кризата, тој рече дека доволно е да се погледне примерот со Белорусија и каков тип на односи има ЕУ со таа земја и нејзините лидери, кога се загрозени слободата и правата на граѓаните.