ЕУ ДЕМАНТ ДО ДОПИСНИКОТ НА МИА, КУРТОНОТ НОНКОВИЌ КОЈ НАЈАВУВАШЕ НОВ БУКУРЕШКИ ДОГОВОР ЗА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА: Во Виена ќе се спасува договорот од Пржино, а нема да има постигнување на нов договор

0
246

Спас, почитување и имплементација на договорот од Пржино, а не постигнување нов договор за излез од политичката криза во Република Македонија. Ова ќе биде целта на новата лидерска средба на првите луѓе на четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА што во организација на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан во петок (22 април) ќе се одржи во Виена, објави МИА.

Зошто Виена, а не Брисел или Скопје е избрана за место на преговори, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ истакнала дека целта е спас на договорот од Пржино.

– Би рекла, зошто не Виена? Можам да кажам дека е добро познато дека е испратена покана-писмо во име на комесарот Хан и тројцата европратеници посветени на ова прашање за состанок со политичките лидери од БЈР Македонија што треба да се случи во Виена, овој петок, на 22 април. Целта на состанокот е да се дискутира за начините за решавање на кризата и да се обезбеди дека лидерите ќе продолжат со имплементација на договорот од Пржино и со реформските приоритети за да покажат волја да ја вратат земјата назад на евроатлантскиот пат и тоа одговара втор дел од прашањето во однос на самиот договор – истакна Коцијанчиќ.

Се шпекулира дека средбата ќе се одржи во седиштето на ЕУ-делегацијата во Виена или во седиштето на ОБСЕ. Познато е дека состанокот в петок ќе започне во 11 часот и се очекува да трае долго поради претходното искуство на сите засегнати при ваквите преговори во минатото.