Ермира Мехмети се расплака во албанското Собрание заради снимките

0
742

Пратеничката Ермира Мехмети се расплака во текот на одржувањето на конференција за родова рамноправност што денеска се одржа во Собранието на Албанија, поради објавените аудио материјали на социјалните мрежи, за кои тврди дека се монтирани и оти сé уште чувствува трауми поради тоа, објави Макфакс.

– Тие се монтирани материјали и сакаа за пет минути да ме урнат. По петнаесетгодишно учество во политиката, добив удар само поради тоа што проговорив отворено за многу работи. Јас ги критикував политиките на една недемократска влада – рече Мехмети.

Пред извесно време на интернет се појавија приватни разговори наводно меѓу поранешниот вицепремиер Муса Џафери и пратеничката Ермира Мехмети.