Ердоган се шлакна, сега уште Грујо останува да го следи неговиот пример : Ердоган сака да го легализира силувањето девојчиња под 15 години

0
283

Според новиот закон, во случај на силување малолетно лице сторителот нема да се казни ако се ожени со жртвата. Исто така, ако законот стапи во сила, илјадници силувачи ќе бидат ослободени од казна.

Демонстрантите на улиците на најголемите градови на Турција го истакнуваат фактот дека овој закон всушност ги повикува силувачите да силуваат што повеќе жени, односно девојчиња.

„Нема да замолчиме. Нема да се покориме. Повлечете го законот веднаш“, извикуваат демонстрантите.

Владата инсистира дека законот би помогнал да се решат законските проблеми предизвикани од широкораспространетите бракови со деца низ земјата, но критичарите велат дека тој го озаконува силувањето.

Околу 3.000 луѓе се собраа на плоштадот Кадиќој во Истанбул со плакати на кои пишуваше: „Силувањето не може да се легитимира“ и „АКП, тргни ги рацете од моето тело“ – алудирајќи на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), која го предложи законот.

Слични демонстрации беа одржани и во други градови, меѓу кои Анкара, Измир и Трабзон.

Предложената промена ќе се однесува на случаите во периодот меѓу 2005 и 16 ноември 2016 година.

 

СПОДЕЛИ