ЕПСКА ХАВАРИЈА ВИРЕЕ ВО ГРУЈОВАТА ШАМПИТА ИЗГРАДЕНА СО МИЛИОНИ ЕВРА ОД НАРОДНАТА 11 ГОДИШНА ПЉАЧКА : Дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ поднело пријави за закани до МВР!

0
1384

МВР не открива колку лица од раководството на ВМРО-ДПМНЕ поднеле пријави за закани. Се работи за доверливи информации и секое откривање на имињата и деталите може само да и наштети на истрагата, посочуваат од министерството. Пријавите биле поднесени во изминатите неколку денови. Министерството најави дека ќе постапат соодветно и ќе преземат мерки за  обезбедување.

Очекувањата се да се зголемат пријавите  и во наредниот период, во пресрет на одржувањето на собраниската седница за уставните измени. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека немаат сознанија дека се поднесени пријави и дека некој му се закакнувал на дел од раководството. Според нивните сознанија власта е таа која во моментов врши притисок и тргува со пратениците.

Потретседателот на Собранието Горан Мисовски ги осудува заканите, но одби да коментира со образложение дека законодавната власт нема право да се меша во извршната.

Минисерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за ТВ 21 ги повика пратениците доколку имаат пристисоци и закани веднаш да пријават.

За заканите против пратеници од ВМРО-ДПМНЕ неодамна проговори и Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за австриски Стандард. Посочи дека тие се упатени од опозицијата и побара од ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од деструктивниот пристап и интересите на замјата да ги стави пред партиските.