ЕМОТИВНО ВИДЕО со силна порака : Мало мече силно го прегрнува човекот кој го спасил од пожар во Сибир, Русија

0
345

Во последните денови се локализирани десетина пожари на териториja од 3.700 хектари во сибирската република Јакутија, но пожарите и понатаму беснеат поради што на терен се испратени и дополнителни екипи по наредба на претседателот на Русија Владимир Путин.

Според последните податоци на Владата во Русија пожарите зафатија површина од 1,2 милиони хектари.

Метеоролозите најавуваат дожд во дел од подрачјата зафатени со огнот, но не се очекуваат поројни дождови кои би ги изгасиле пожарите.

Стотина руски градови се наоѓаат под чад поради пожарите кои траат веќе со денови. Иако огнената стихија не зафати населени подрачја, сепак густиот чад навлезе во околу 800 населени места. Фауната на зафатените подрачја е речиси целосно уништена, а на социјалните мрежи се шират фотографии од пеполосани животинки.

На социјалните мрежи се појави видео за кое уште не знаеме дали е старо или е пак од сега, а во кое мало мече кое е спасено од пожарите не го пушта од прегратка својот спасител. Ова видео сепак испраќа силна порака: Не навредувајте ги животните со тоа што ќе наречете некој човек „животно“.