ЕК: Не коментираме судски одлуки, оче­ку­ваме назначување спе­ци­јал­ен об­ви­ни­тел

0
304

Европската комисија не ги ко­мен­ти­ра по­е­ди­неч­ни­те суд­ски слу­чаи, осо­бе­но прво­с­те­пе­ни­те пре­су­ди кои се пред­мет на жал­ба и на тој на­чин не се конечни, е одговорот од Брисел за „Слободен печат“ кој го пренесува Плусинфо, на барањето став за в­че­раш­на­та од­лу­ка на скоп­ски­от Кри­ви­чен суд, да ги от­фрли ка­ко не­ос­но­ва­ни си­те до­ка­зи во пред­ме­тот прис­лу­шу­ва­ње про­тив Ни­ко­ла Гру­ев­ски, Горда­на Јан­ку­лоска, Са­шо Ми­јал­ков и дру­ги лица, за­тоа што до­ка­зи­те би­ле не­за­ко­ни­то при­ба­ве­ни и не мо­жат да би­дат пред­мет на ис­трага.

eu_zname-540x405

„Ев­роп­ска­та ко­ми­си­ја оче­ку­ва од си­те суд­ски по­ста­пки во зем­ја­та да се спро­ве­дат со це­лос­но по­чи­ту­ва­ње на принци­пите, ка­ко на на­ци­о­нал­ното, та­ка и на ме­ѓу­на­род­но­то право, вклу­чу­вај­ќи ја и ре­ле­ван­тна­та суд­ска прак­ти­ка во рам­ки­те на Ев­роп­ска­та кон­венци­ја за чо­веко­ви права. Ев­роп­ска­та ко­ми­си­ја оче­ку­ва спе­ци­јал­ни­от об­ви­ни­тел да би­де наз­на­чен и да ја врши не­го­вата/неј­зи­на­та фун­кција, це­лос­но во сог­лас­ност со по­ли­тич­ки­от до­го­вор од 2 јули“, се ве­ли во ре­ак­ци­ја­та од ЕК.