ЕКСПЕРТОТ ЗА ПОЧИНАТ ГЛАСАЧИ НА ВМРО-ДПМНЕ, АМДИ БАЈРАМ ИМА ТРИ ФИРМИ ВО БУГАРИЈА

0
994

Пратеникот Амди Бајрам кој според анкетниот лист доставен до Антикорупциската комисија важи за еден од најсиромашните пратеници, според документите на НОВА во Бугарија бизнисот му цвета.

Амди Бајрам и неговото семејство имаат три фирми. Најстара е компанијата Џани Версачи ООД формирана во 2009 година, потоа во 2014 ја создал Евро Шутекс ООД, а годинава во февруари бизнисот го проширил и ја регистрирал компанијата Рентакар Интернационал ООД. Во сите три фирми Амди Бајрам фигурира како директор, заедно со членови на потесното семејство, а во две е и неговиот син Елвис Бајрам – градоначалник на Шуто Оризари. Седиштата на сите три фирми е во Ќустендил на различни адреси.

Овие фирми ни пратеникот – татко, ниту градоначалникот – син ги немаат пријавено во нивните имотни листови.

Сепак пратеникот ова го демантирал.

„Грешка е тоа. Можеби е друг Амди Бајрам. Не сум јас тој. 100 посто е грешка“, изјавил пратеникот Бајрам во телефонски разговор за НОВА.

Целиот текст на следниот линк.